Татко ја претепал својата ќерка, не се согласувал со нејзината љубовна врска

Татко ја претепал својата ќерка, бидејќи не се согласувал за нејзината љубовна врска. Против него ќе биде поднесена пријава.

– Вчера во 02.20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.Н.(51) од охридско село, затоа што претходно физички ја нападнал неговата ќерка поради несогласување за нејзината љубовна врска, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЗаглавени сме околу концептот за јавниот градски превоз во Скопје, нема идеја и нема финансии
Следна вестНа „Богородица“ се чека околу 40 минути