Татковци и малолетните синови се тепале во Злокуќани

Тепачка меѓу двајца татковци од Скопје, во која учествувале и нивните малолетни синови, се случила вчера во населбата Злокуќани, соопшти МВР.

-На 14.05.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека на подрачје на населба Злокуќани, општина Карпош, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(41), М.С.(41) и двајца малолетници, сите од Скопје, велат од полицијата.

Претходна вестАдеми му донесе триумф на Пекинг Гуоан (ВИДЕО)
Следна вест„Жив сум и здрав“, објави Сорос по гласините за негова смрт