ТАВ Македонија: Поради маглата се откажани 9, а пренасочени 4 летови

Од 20 часот на први јануари до 9 часот наутро, денеска на втори јануари 2023 година, 9 лета беа откажани, а 4 лета беа пренасочени, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, се вели во соопштението до јавноста од „ТАВ Македонија“.

– Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираа превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, велат од „ТАВ Македонија“.

Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања.

Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: (skp.airports.com.mk), во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи.

Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333“, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Претходна вестГоривата поскапуваат за 1,5 и 2 денари
Следна вестРусија има резерви на нафта за повеќе од 150 години, тврди руски експерт