Вчера околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје, објави агенцијата „Макфакс“. Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот око.
Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.
-Полициските службеници од Единицата за интервента полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката и кај него не биле пронајдени документи за идентификација, изјавија од СВР Скопје за „Макфакс“.
Извршен е увид, а по наредба на обвинител телото е дадено на обдукција.