Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост

Вчера околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје, објави агенцијата „Макфакс“. Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот око.

Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.

-Полициските службеници од Единицата за интервента полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката и кај него не биле пронајдени документи за идентификација, изјавија од СВР Скопје за „Макфакс“.

Извршен е увид, а по наредба на обвинител телото е дадено на обдукција.

Претходна вестЈавно обвинителство: Истрага се води против две лица, судија на Врховниот суд е фатен ин флагранти во извршување на кривичното дело
Следна вестОпштина Карпош: Зад рингишпилот стои насилник за кого законските процедури не важат