Тешка несреќа на патот Битола-Ресен, повреден мотоциклист

Според податоците од Миистерството за внатрешни работи вчера околу 17.15 часот на патниот правец Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди-А3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(20) од Битола и мотоцикл  „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(24) од Битола.

-Во незгодата, Д.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Претходна вестДосега во земјава се направени над 130.000 тестови за коронавирус
Следна вестНови 420 граѓани казнети за неносење на заштитна маска