Тешка сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, удрено 6 годишно девојче

На регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во 6-годишен пешак од с.Колицко, кумановско.

Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера околу 10:20 часот.

-По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Претходна вестВо последните 24 часа 139 заразени со Ковид-19 и шест починати лица
Следна вестОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите