Тешка сообраќајна незгода се случила синоќа во центарот на Скопје. Во несреќата на крстосницата кај македонското Собрание учествувале автомобил „опел“ и мотор коишто имаа значителни оштетувања.
Полициските екипи вршеа увид, а на местото на незгодата пристигнаа и екипите на Итна медицинска помош. Се уште нема информација за здравствената состојба на учесниците во несреќата.