Вкупно десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во дебарско, соопшти полицијата. До сообраќајка дошло во близина на дебарското село Долно Косоврасти, на делницата Дебар-Жировница, патен правец Дебар-Маврово.
Од дебарската болница изјавија дека сите повредени лица се вон животна опасност.
-Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата има скршени ребра, останатите се со помали повреди. Во тек е нивно соодветно згрижување. Според првите проценки, нема потреба за нивен транспорт во други институции“ изјави Исмаилаки Клења, ортопед при Општата болница во Дебар.
Едно возило е со битолски, едно со скопски и едно со словенечки регистарски ознаки.