Жена е тешко повредена во сообраќаен инцидент во кој учествувал и нејзиниот татко, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 26.10.2022 во 19.10 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општата болница во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ј.Ч.(43) од с.Куманичево, кавадаречко.
-По преземени мерки, полициски службеници констатирале дека околу 16.30 часот во двор од куќа во с.Куманичево, нејзиниот татко Ц.Ч.(67) додека го паркирал своето возило ја удрил Ј.Ч. со возилото, се наведува во инфорамцијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.