Тешко повреден 23-годишен мотоциклист во Скопје

Тешка сообракајка во Скопје. Имено, вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Фото – архива

Претходна вестМицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ се обврзува дека ќе генерира нови политики
Следна вестЗа една година бројот на средношколци намален за 1.949, а на основци за 2.957 ученици