Тешко повреден кинески работник кој работел на автопатот Охрид-Кичево

Во СВР Охрид вчера од Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш.Ч.(40) од Кина.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 10:00 часот, при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај с.Оровник.

Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.

Претходна вестБорко Ристовски суспендиран на четири години поради клевети кон Димевски
Следна вестДелови од Чаир и Илинден утре ќе останат без струја