Тешко повреден мотоциклист при судир со полициско возило

Моторџија бил тешко повреден откако вчера се судрил со полициско возило. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

– На 19.06.2023 во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, сопственост на МВР и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М.(30) од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот В.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Шамар за владата на СДСМ и ДУИ, САД го стави Рамиз Мерко на црна листа
Следна вестТепачка меѓу шест лица во Скопје, се користеле и метални и дрвени предмети