Тешко повреден мотоциклист во судир со автомобил

Вчера во 20.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(58), и мотоцикл „сузуки“, управуван од С.А.(26), двајцата од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во здравствена установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Претходна вест77 санкции за пребрзо возење, 27 за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово
Следна вестСтоилковски: ВМРО-ДПМНЕ разговара за ресори кои се од економска и политичка природа