Тешко повреден параглајдерист од Украина, паднал кај прилепското село Мажучиште

Параглајдерист од Украина е тешко повреден и пренесен во болницата во Прилеп, соопшти полицијата.

На 13.08.2024 во 15.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атарот на селото Мажучиште на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод паднал параглајдеристот П.В.(52) од Украина, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.

Според пријавеното, тој заедно со уште еден параглајдерист од Украина околу 12.00 часот полетале од полетувалиште во Крушево кон Прилеп, по што на наведеното место П.В. паднал со параглајдерот. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување и документирање.

Претходна вестСиљановска Давкова и го предаде државното знаме на Наковска Бикова во пресрет на Параолимпијадата во Париз
Следна вестЗНАМ: „Вреди“ се однесува како ДУИ, а Меџити како Ахмети