Тешко повреден пешак во Скопје

Скопјанец е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера во Скопје, соопшти полицијата.

МВР информриа дека на 21.06.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од. с.Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, се наведува во информацијата.

 

 

Претходна вестМакедонец спаси давеник во морето кај Крф
Следна вестАпасиев: Читањето на програмата на владата ми се најзалудно потрошени четири часа во животот