Тешко повреден полицаец, паднал од мотор

Полицаец тешко се повредил откако со својот мотор паднал на коловозот. Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод.

– На 03.06.2023 во 11.50 часот било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков мотоцикл „бмв“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп, информираат од МВР.

Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Претходна вестТри млади лица повредени во сообраќајка
Следна вестСедмоодделенката Кристина Марковска од Брвеница со трето место на стрип конкурс во Србија