Тешко повредена патничка во ЈСП поради нагло запирање

За да избегне сообраќајка, возачот на автобус на ЈСП нагло запрел. Поради наглото запирање паднала и тешко се повредила патничка во автобусот.

– Вчера попладне, во 13.30 часот, било пријавено дека на булеварот Кочо Рацин во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од 50-годишниот Б. Т. од Скопје, за да избегне сообраќајна незгода, нагло запрел, при што во автобусот паднала патничка, 46-годишната У. А. од Скопје. Таа добила тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Претходна вестПронајден починат маж во Охрид
Следна вестДо понеделник се очекува да се отвори нов пункт за промена на личните документи во Скопје