Тешко повредено девојче во удар на автомобил на скопскиот булевар „Србија“

Малолетно девојче е тешко повредено во удар на автомобил на скопскиот булевар „Србија“ во општина Аеродром, соопшти полицијата.

Незгодата се случила кај бензинската пумпа „Лукоил“ на оваа мошне прометна сообраќајница.

-На 07.12.2023 во 16.25 часот на булевар „Србија” спроти бензинска пумпа патничко возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Претходна вестСвети Климент Охридски го урна ѕидот на незнаењето, стана светилник на македонскиот народ и на сето словенство
Следна вестАгелер најави нови имиња на црната листа: Македонија се соочува со епидемија од корупција