Тетовчанка ја продала куќата во замена за стан и пари, а не добила ништо

На 02.04.2023 во 15:15 часот во СВР Тетово повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година, со закани, изнудил таа да ја продаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и пари.

Но, според пријавеното, ниту добила стан, ниту пари, иако потпишала купопродажен договор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестИ Комисијата на МЗ не утврди грешки при третманот на малата Јана во битолската болница
Следна вестТешко повреден бездомник во Скопје: Горела напуштена куќа во која престојувал