Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Mozzart за првпат ќе организира Меморијален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот фан на клубот – Андреј Грковски – Тафта.
На турнирот ќе учествуваат четири екипи, меѓу кои покрај домаќинот ТФТ Скопје, ќе играат Кожув, Работнички и МЗТ Скопје.
-Во чест на нашиот прерано починат фан и пријател Андреј Грковски – Тафта, КК ТФТ за првпат ќе организира меморијален турнир во кошарка кој ќе го носи неговото име. Наша интенција во годините што следат е турнирот да постане традиционален, објавија од клубот.
Натпреварите од првото издание на „Андреј Грковски – Тафта“ ќе се играат во салата „Кале“ во Скопје, на шести и седми септември.