Од длабока јама е извлечено куче од страна на тимот на ЈП „Лајка“. Претходно, добиена била дојавата од страна на загрижени граѓани од Скопје кои апелирале кутрето да биде спасено.
-Не знаеме колку долго била во јамата, но веднаш по пријавата тимот отиде на терен, нејзината здравствена состојба е добра и ќе одмори малку пред да го помине хуманиот третман во нашето прифатилиште. И дадовме име Ина. Таа е мала убава, борбена со голема желба за живот и покрај целиот стрес кој го преживеа таа сепак се радуваше на нашиот тим, информираа од ова градско претпријатие за грижа за животните.
Наскоро ќе биде објавена и покана за вдомување со цел ова бездомно животно да го најде својот дом.