Тинејџер со автомобил повредил велосипедист

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Рокомија“ во Скопје.

Автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(19) од с.Арачиново, скопско, удрило во велосипед, управуван од Ќ.И.(54) од Скопје.

-Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПретрес во Чифлик и Ржаничино
Следна вестЗаев: Очигледно е дека Бугарија ќе стави вето, да почекаме да им поминат изборите