Томе Пачовски го напушти стручниот штаб на Милевски

Откако пред неколку дена повторно се најавуваше смена наБлагоја Милевски на клупата на Македонија, денес се потврди првото заминување во стручниот штаб.

Томе Пачовски кој беше тренер на голманите во стручниот штаб на Милевски објави дека повеќе нема да ја извршува оваа функција.

Секое патување некогаш мора и да заврши. Работата со репрезентацијата за мене беше нешто специјално. Дресот на Македонија за мене беше детски сон, а отсега ќе бидам најголем навивач на избраниот тим“, објави поранешниот голман на Македонија.

Пачовски во кариерата собра 46 настапи во дресот на репрезентацијата, додека во клупската кариера бранеше за Пелистер, Работнички, Вардар, Бершот и Мехелен.

Инаку, српските медиуми пред само неколку дена го најавуваа Црногорецот, Миодраг Божовиќ како можен наследник на Милевски.

Претходна вестНАТО го регистрира Брако како потенцијален снабдувач
Следна вестПриведени разбојници во Струмица, одземеното вратено на сопственикот