Дваесетгодишна девојка од Скопје со автомобил излетала од пат, повредени три лица

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Црешево.

Според информациите на МВР, вчера околу 13 и 30 часот во полиција било пријавено дека во село Црешево, К.П.(20) од Скопје, со возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.

 

 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Н.(19) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила К.Д. и сопатничката Д.Т.(20). Сите биле пренесени во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“.

Претходна вестКризниот штаб предлага полицискиот час да почнува од 23 часот, угостителските објекти да работат до 22 и 30 часот
Следна вестЖена со повреди на главата пронајдена мртва во куќа во Охрид