Тошковски: До сега нема посериозни нарушувања на изборниот процес

Македонија денеска избира претседател. Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред малку изјави дека до сега нема никакви нарушувања на гласањето, а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.

-Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб, додаде Тошковски.

За потсетување, на претседателските избори учествуваат седум кандидати: Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.

 

Претходна вестЗа изборна победа во првиот круг потребни се најмалку 907.159 гласови
Следна вест108 санкционирани возачи во Скопје