Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги ставил во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и Бирото за јавна безбедност.
– Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел. Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел, потенцирал министерот Тошковски, соопштија од МВР.
Тошковски најави дека во следната година продолжуваат, со, како што нагласил, навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата.