Македонскиот репрезентативец Енис Барди е еден од четворицата фудбалери кои добија посебен статус од тренерот Шенол Ѓунеш во редовите на Трабзонспор.
Капитенот на нашиот национален тим ќе тренира одвоено од првиот тим, а се најде во групата заедно со Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил и Умут Бозок.
– Како резултат на денешниот состанок кој го одржаа претседателот Ертугрул Доган, потпретседателот Зејат Кафкаш и тренерот Шенол Ѓунеш, одлучено е четворицата фудбалери да тренираат одвоено за да ја подобрат својата форма, – стои во краткото соопштение на Трабзонспор.
Турските медиуми тврдат дека потегот на клубот е најава дека Трабзонспор ќе се обиде да се ослободи од голем дел интернационалци уште во зимскиот преоден рок.
Барди сезонава има осум настапи во турското првенство и досега забележа една асистенција.