На улицата „Мирче Ацев“ до катната гаража „Разловечко востание“, во центарот на Скопје до ГТЦ, синоќа е пронајдено 15-годишно момче, без знаци на живот, по пад од гаражата.
Порталот ммс.мк објави дека додека истражните екипи вршеа увид, на Снепчет се споделуваше фотографија што момчето ја објавило непосредно пред падот, на која се гледа како се наоѓа на најгорниот кат на катната гаража.
Истражителите треба да дадат одговор дали се работи за еден од несреќните случаи, инспирирани од предизвиците на социјалните мрежи.