Брачна двојка од Нови Сад која синоќа се самоуби скокајќи од зграда, претходно си ги убила сопствените деца на возраст од 1 и 3 години, јавуваат српските медиуми.
Како што дознаваме, во куќа во Петроварадин биле пронајдени тела на момче (1) и девојче (3). Идентификувани се врз основа на отпечатоци од прсти.
Во моментов полицијата е на лице место и врши увид, по што ќе се знае како се случило злосторството.
Двојното самоубиство кое синоќа го потресе Нови Сад го изврши млад брачен пар кој, како што се наведува, живеел во Петроварадин.
Се работи за М.П.С.(23), како и мажот Л.П. S. (21).
Младо момче и девојка синоќа заедно скокнале од 17 кат на зградата.
Телата на младиот човек и девојката се испратени во Институтот за судска медицина, каде ќе се врши обдукција, a на телата нема траги на насилство што би укажало дека овој случај е кривично дело .