Трајанов: Парламентот да создаде услови за продолжување на постапката за четирите хашки предмети од 2001

Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети “Водство на ОНА”, “Липковско езеро”, “Гробница Непроштено” и “Мавровски работници”, да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија (од 2002 година) ги опфати и овие четири Хашки предмети, побара денеска Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз (ДС).

-Согласно Женевските конвенции, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства. Почитувајќи го начелото на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговорност, се наведува во соопштението.

Се додава дека Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства.

-Целосно го поддржуваме ставот на Советот на Европа: „Без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество, информираат од ДС.

Претходна вестПендаровски: Кај Македонците има голем пад на поддршката за ЕУ поради непринципиелните напади врз нашите идентитетски атрибути
Следна вестРекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска