Трајанов: Се отвора расправа во Парламентот за една изборна единица

????????????????????????????????????

По повеќе од две години блокада, денес во Парламентот ќе започне расправа по Предлог -измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, соопшти претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов. При што според него останува пропорционален модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници.

-Со измените се создаваат еднакви шанси за полититички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина. Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашањ, вели лидерот на Демократски сојуз Трајанов.

Трајанов ги повика сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија.

Претходна вестМилионер казнет со над 120.000 евра поради брзо возење
Следна вестАпасиев: Да бидеме реални, д-р Јовев е разрешен затоа што е Македонец