Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во вторник изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин многу наскоро откако ќе ја преземе функцијата следната седмица.

Не наведе временски рок за одржувањето на средбата, којашто би била првата меѓу челниците на двете земји од почетокот на руската инвазија во Украина во февруари 2022 година, откако два месеца претходно САД и НАТО го отфрлија барањето на Москва за самит на кој ќе се дефинира договор со кој ќе се гарантира безбедноста на Русија и регионот.

Запрашан за неговата стратегија за завршување на војната, Трамп изјави за Newsmax: Па, постои само стратегија и таа зависи од Путин. Не можам да замислам дека е премногу одушевен од начинот на кој сето тоа мина, бидејќи ниту нему не му одеше баш најдобро.

-Знам дека сака да се сретнеме, и јас ќе се сретнам со него многу наскоро. Ќе го направев тоа порано, но… прво морам да влезам во канцеларија, додаде републиканецот.

Американскиот конгресмен Мајк Волц, идниот советник за национална безбедност, во неделата изјави дека очекува разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и седмици.

Претходна вестАктивни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци
Следна вестМакедонската репрезентација за СП, историски тим без интернационалци