За Доналд Трамп, поранешниот американски претседател, не е соодветно сега да ја посети Украина и затоа ја одби поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да дојде во Киев. Украинецот го повика со цел да ги видел размерите на рускиот напад.
– Имам најголема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент, истакнал Трамп, пренесе „Њусмакс“.
Според Трамп, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден „моментално се занимава“ со Зеленски и не би сакал „да создаде конфликт на интереси“.
Зеленски го покани Трамп да ја посети Украина, откако поранешниот американски претседател рече дека може да ја прекине руската војна против Украина во рок од 24 часа ако победи на изборите следната година.