Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има твитер-профил.
Нашите правила се следни: Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер, изјави финансискиот директор на социјалната мрежа Нед Сегал.
Тоа значи, ако Трамп повторно да се кандидира за претседател, тој нема да може да има профил на Твитер.
Во јануари трајно е укинат профилот на Трамп на Твитер по упадот на неговите приврзаници во Конгресот.
Претседателот на САД има посебен твитер-профил кој го добива со преземањето на функцијата означен со POTUS (President of the US).