Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски имаше успешно деби за својот нов тим, Данди Јунајтед. Тој беше стрелец на гол во триумфот од 2-0 во пријателскиот меч против нисколигашот Анан Атлетик.
Трапановски веднаш доби шанса за докажување и го стори тоа на најдобар можен начин.
Тој пред неколку дена пристигна во Шкотска, каде ќе биде третиот Македонец, после Бојан Миовски и Давор Здравковски, кои играат во Абердин, односно во Мадервил.