Три лица од Гостиварско ја напуштиле земјава, а имале решенија за изолација бидејќи биле позитивни на корронавирус.
Од СВР Тетово информираат дека во вчерашните контроли со кои се опфатени лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат имало прекршувања.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидата поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.
Изминативе две недели со вакви пријави се соочија уште десетина други лица, кои живеат во околината на Гостивар.
Па прашањето е, има ли комуникациј меѓу пограничните служби и институциите кои ги издаваат овие решенија?