Комитетот за имунизација деновиве ќе излезе став за третата доза од вакцината против ковид, која некаде во светот веќе се дава како засилувач на имунитетот.
Според министерот за здравство Венко Филипче, дали тоа ќе биде трета доза или таа ќе премине во сезонска вакцинација, ќе се одлучи натаму врз основа на светски студии, а сега е важно да се знае дека вакцинацијата е единствен спас од пандемијата која ќе ја има се додека сите не се вакцинираат.
Засега трета доза кај нас се дава на пациенти со трансплантација и со хронична дијализа, а анализите што се прават од домашните експерти е на кој период да се дава таа – на 4 до 6 месеци и кој тип на вакцина.