Три деца и еден 18-годишник нападнале возач на градски автобус во Чаир

Возач на градски автобус нападнат во Шаир. Имено, скопјанец, вработен како возач на автобус, бил физички нападнат од страна на четири лица.

Како што информираат од МВР нападот се случил на автобуска станица на подрачјето на Чаир, во автобус со број 47 А. Од четворицата напаѓачи тројца се деца, а четвртиот има само 18 години, и е со иницијали О. М.. Инаку, сите напаѓачи се од селото Љуботен, Скопско.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис
Следна вестМу треба ли на Скопје комунална полиција кога веќе има комунални редари?