Три дена попис, а попишувачите уште не знаат кои лица се во изолација

Здравствената состојба на попишувачите сега е добра и директорот на ДЗС Апостол Симовски се надева дека така и ќе остане.

Попишувачите се уште немаат информации кои од лицата се во изолација, но ќе добијат адреси, вели тој.

-Имиња нема и не може ни да има, бидејќи се тоа лични податоци, но попишувачите ќе добијат адреси на лица кои во тој момент се во изолација и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите за такви ситуации, вели Симовски.

Досега не е изречена ниту една казна за одбивање за попишување, а ако се појават такви случаи, со нив прво ќе се разговара.

За само три дена од пописот веќе имаше пад на системот, а денешната информација дека лицата на терен се уште немаат добиено адреси на лица кои се во изолација поради ковид, го доведува во ризик и здравјето на попишувачите и оние со кои тие, при евентуален ваков контакт, би се сретнале.

Претходна вестНема шанси да се дуплираат податоци, тврди директорот на статистика по вчерашниот крах на системот
Следна вестЦел центар затворен поради подготовките за утрешната прослава