Три лица искасани од кучиња во Центар, Аеродром и во Шуто Оризари

Три лица се искасани од кучиња во одделни напади што се случиле на подрачјата на скопските општини Центар, Аеродром и Шуто Оризари.

Полицијата сооопшти дека вчера во 22.00 часот во Полициската станица Центар, Е.Г.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бил каснат од куче скитник.

-Во 17.20 часот во Полициската станица Аеродром, И.М.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Тоше Проески“ била касната од куче скитник. Во 19.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, И.Е.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Брсјачка буна“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопштија од МВР.

Претходна вестУписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни
Следна вестЌе штрајкуваат секој ден: Вработените во УЈП нема да работат од 10 до 12 часот