Темно Режим Светло Режим

Три лица каснати од кучиња скитници

Три лица биле каснати од кучиња скитници во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината. Еден од каснатите е од Скопје, вториот е од Волково, а во Арачиново било каснато дете.

– Вчера во 17:20 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.А.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Адем Демачи“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 29.01.2024 во 17:30 часот во Полициското одделение Арачиново, Н.Б.(48) од с.Арачиново, скопско, пријавила дека во селото нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Исто така на 29.01.2024 во 12:50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.Д.(73) од с.Волково, скопско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Тошковски не пимпла, веднаш го решава хаосот останат од Спасовски со личните документи

Следниот Пост

До кај ќе одат: Илон Маск објави дека е извршено прво вградување на чип во човечки мозок