Скопјанец искршил излог во Чаир, го повредил и упатил закани кон сопственикот

Скопјанец со тврд предмет го скршил стаклото во угостителски објект на подрачјето на Чаир. Истовремено тој упатил закани кон сопственикот на објектот.

– Вчера во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.А.(40) од Скопје. Тој во текот на денот во угостителски објект на подрачје на Чаир, сопственост на М.Б.(56) од Скопје, со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и упатил закани на сопственикот. Притоа, со повреди се здобил М.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМихајло Милосавиќ повеќе не е дел од ФК Вардар
Следна вестПутин: Белорусија стана нуклеарна сила