Три лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Три лица пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња во текот на вчерашниот ден во Скопје. Седумдесет и едногодишен скопјанец во Аеродром, Скопјанец на 62-годишна возраст во Чаир и четириесет и двегодишна скопјанка на Бит Пазар биле каснати од кучиња скитници.

– На 01.01.2024 во 14.25 часот во Полициската станица Аеродром В.С.(71) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник“. На 01.01.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Чаир, Х.О.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Качанички пат“ бил каснат од куче скитник“. Денеска (02.01.2024) во 01.10 часот во Полициската станица Бит Пазар Н.Б.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонско- Косовска бригада“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник, информираат од МВР.

Претходна вестНишто од најавата на министерката Тренчевска, денеска немаше исплата на пензии
Следна вестКовачки: Војници Албанци се пишуваат Македонци за да се вработат