Нова сообраќајна несреќа се случи денеска во Скопје. По несреќата, три лица со повреди се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ поради сообраќајна несреќа што се случи денес на подрачјето на Момин Поток.
Во несреќата учествувале „мерцедес“ и такси-возило – двете со скопски регистерски ознаки.
Сообраќајната несреќа, според информациите од полицијата, се случила во 9.15 часот.
Се очекуваат повеќе детали од МВР во текот на денот.