Три лица повредени во сообраќајна несреќа кај Момин Поток

Нова сообраќајна несреќа се случи денеска во Скопје. По несреќата, три лица со повреди се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ поради сообраќајна несреќа што се случи денес на подрачјето на Момин Поток.

Во несреќата учествувале „мерцедес“ и такси-возило – двете со скопски регистерски ознаки.

Сообраќајната несреќа, според информациите од полицијата, се случила во 9.15 часот.
Се очекуваат повеќе детали од МВР во текот на денот.

Претходна вестГраѓаните се во агонија, време е за женска димензија во политиката, рече Силјановска-Давкова
Следна вестМаксим Димитриевски кандидат за претседател од ЗНАМ