Обид за кражба на изборен материјал за утрешните избори е пријавен денеска во полицијата
МВР информира дека во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.
-Но, откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.