Синоќа, во 22.40 часот, во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат во с. Беранци, општина Могила, патничко возило „југо“, без регистарски таблички, управувано од Т. Т. (29) од с. Беранци, излетало надвор од патот.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и уште двајца сопатници, Д. Т. (32) и С. Т. (21) од с. Беранци, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од екипа на СВР Битола.