Три лица се повредени, излетале со возило на патот Скопје – Св. Николе

Сообраќајка со три повредени. Имено, вчера во 17.00 часот било пријавено дека на сервисна улица која регионалниот пат Скопје-Св.Николе го поврзува со автопатот Скопје-Штип патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(66) од Штип излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.А., а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.С.(71) и Ц.С.(70) од Штип, кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестЕхх, да може Гоце Делчев да стане па да им објасни на Заев и Мицковски…
Следна вестРастрчани инспектори откако истече јаловина од рудникот Саса