Три од три: Јуниорите и земаа мерка и на Чешка

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа на Европското првенство-Дивизијата „Б“ во Скопје.

Нашиот национален состав овојпат беше подобар од Чешка со 94:86 и сега има перфектни „три од три“ во групата Ц. Најдоброто издание избраниците на Горан Андреевски го имаа во втората четвртина која ја реализираа со 32:22, а го добија и завршниот период со 22:18 кога противникот притискаше и се обидуваше да го сврти резултатот.

Стандардно лидер беше Јаничиќ со 25 поени, 5 скока и 5 асистенции, а одличен беше и Стојковиќ со 20 кошеви и 4 скока, додека Луканоски беше на чекор од дабл-дабл (16 поени и 9 скока).

Наредниот натпревар за нашата селекција е против Кипар на 30 јуни од 18:30 часот.

Претходна вестПочнува кампањата за бесплатен скрининг на црн дроб, Таравари ќе ја посети мобилната единица на плоштадот „Македонија“
Следна вестЕрдоган: Турција би можела да влезе во Израел и да им помогне на Палестинците